Австралија планира да воведе одредба со која се бара родителите да дадат согласност за користење на социјалните мрежи од лицата помлади од 16 години.

Според објавениот предлог-закон, компаниите што стојат зад социјалните мрежи се соочуваат со казни до 10 милиони австралиски долари (7,5 милиони американски долари) доколку не ја почитуваат одредбата.

Си-Ен-Ен пренесува дека компаниите што стојат зад социјалните медиуми, како што се форумот „Редит“ и апликацијата за запознавање „Бамбк“ (Bumble), исто така, ќе треба да преземат одредени мерки за да можат да ја утврдат возраста на корисниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.