Француската полиција вечерва застрела маж кој претходно со нож нападна друго лице во близина на Париз и го обезглави.

Обвинител за антитероризам изјави дека се истражува нападот кој се случи во населбата Конфлан Сент-Онорин, предградие северозападно од Париз. Напаѓачот е тешко повреден.


Полициски извор истакна дека очевидци го слушнале напаѓачот како извикува „Алах Акбар“ (Бог е голем).

Француските медиуми објавија дека жртвата бил наставник во локално училиште, а напаѓачот бил родител на ученик.

Жртвата неодамна на учениците им предаваше за слободата на изразување и им покажа карикатура од Мухамед, рекол извор за „Паризјен“, додавајќи дека тоа го разбеснило родителот на едно од децата.

Полицијата засега не ги потврдува таквите наводи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.