Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, изјави дека повеќето Американци можe да бидат вакцинирани против корона вирус најдоцна до јули 2021 година.

Обраќајќи се пред Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот на САД, Редфилд рече дека очекува вакцинирањето против Ковид-19 да се изведува со месеци.

Тој додаде дека очекува на крајот од март или април да бидат достапни околу 700 милиони дози од вакцината, што според него, е доволно за да се вакцинираат 350 милиони луѓе.

Мислам дека ќе ни треба време до април, мај, јуни и евентуално јули за целосно да ги вакцинираме сите американски граѓани – изјави Редфилд.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.