По многу непреспиени ноќи во засолништво, страв и неизвесност, семејството на Сашо Андонов конечно се извлече од Киев. Преполни возови до кои не може да се стигне, денови поминати без намирници, Сашо е еден од македонските државјани кој беше заглавен во украинската престолнина. Тој и неговото семејство сега се на безбедно, но се уште бараат начин како да ја преминат границата и да тргнат кон Македонија.

За неговото успешно извлекување, како што раскажува самиот Андонов за „Сител“, заслужен е македонскиот амбасадор во Полска со кого единствено контактирал.

Сликите од железничката станица во Киев тој никогаш нема да ги заборави. Луѓето ризикуваат да го изгубат животот висејќи по вагонитe.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.