Австралиската влада се најде под удар на јавноста и опозицијата затоа што дозволи  дозволата пејачката Рита Ора (30) да влезе во земјата и покрај затворањето на државните граници.

Британската пејачка со косовско потекло, која ќе се појави во шоуто „The Voice Australia“ како професорка по пеење и супервизор, во моментов престојува во хотел каде што минува низ карантин од 14 дена.

Членовите на опозицијата и австралиската лабуристичка партија, ја критикуваа одлуката на владата да и дозволи на Ора да влезе во земјата пред таква можност да добијат австралиските граѓани ширум светот, кои сè уште се обидуваат да се вратат дома.

Сè уште има 40.000 Австралијци „блокирани“ во странство. Секоја позната личност што ќе заземе место во карантин му го одзема правото со тоа место на австралиецот кој чека да се врати дома – изјави портпаролката на опозицијата, Кристина Кенеали.

Таа исто така го критикуваше премиерот на земјата Скот Морисон, велејќи дека „ова е уште еден пример за оставање на Австралијанците на цедило“.

Рита Ора не се организираше да го заврши 14-дневниот карантин во приватна организација, што значи дека нејзиниот престој во хотелот зафатил едно од малкуте слободни места за австралијанските граѓани – изјави Кенеали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.