Италијанската влада донесе одлука да останат рестриктивните мерки во текот на викендот за да се спречи ширењето на коронавирусот, но ограничувањата ќе бидат намалени во текот на работните денови.

Италијанците поголемиот дел од празниците ги поминаа во своите домови, а на граѓаните им беше дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, на лекар или во итни случаи.

Овие правила престануваат да важат в четврток, а на синоќешниот состанок на италијанската влада беше донесена одлука за повторно воведување на систем што овозможува да се воведат различни мерки поединечно од регион до регион, објави „Ројтерс“.

За време на викенд ќе бидат затворени сите барови и ресторани, додека движењето меѓу градовите ќе биде ограничено на минимум.

Владата, исто така, одлучи да го одложи отворањето на средните училишта до понеделник, додека локалните власти на северот на провинцијата Венето, на која и припаѓа и Венеција, одлучија да не ги отвораат училиштата до 31 јануари.

Од почетокот на пандемијата во Италија починаа околу 76.000 луѓе како резултат на Ковид-19, што ја рангира Италија на петтото место во светот по бројот на жртви на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.