Конгресната полиција во Вашингтон ги истражува извештаите дека републиканскиот конгресмен Енди Харис вчера со пиштол се обидел да влезе во Претставничкиот дом на САД, јави телевизијата Ен-Би-Си.

Еден од присутните безбедносни службеници виде огнено оружје кај конгресменот Харис и им ја соопшти информацијата на своите претпоставени, изјави за телевизијата портпарол на Капитол.

Тој појасни дека Харис не успеал да го внесе пиштолот во салата.

Минатата недела новиот член на парламентот во Долниот дом Тимоти Блоџет воведе правила според кои конгресмените мора да бидат проверени со детектори за метал пред да влезат во салата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.