45 републикански сенатори се изјаснија за прекин на постапката за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, што 55 сенатори го одбија. Но, тоа покажа дека 50 демократски сенатори на своја страна имаат само пет репубикански колеги, а за осуда на Трамп е потребно против него да гласаат најмалку и 17 Републиканци.

Ова е една од ретките прилики во Вашингтон при која поразот всушност е победа. 45 гласа значат дека импичмент процесот уште на самиот почеток е мртов, изјави републиканскиот сенатор Ранд Пол, кој го поднесе барањето за прекин на постапката.

Трамп е обвинет за поттикнување бунт во врска со неговиот говор пред упадот на неговите поддржувачи во Капитол на 6 јануари.

Пол и останатите републиканци сметаат дека судењето на Трамп е неуставно, зашто тој веќе ја напуштил Белата куќа.

Уставот не му дава право на Конгресот да отповикува обични граѓани, изјави сенаторката Шели Мур Капито.

Судењето на Трамп во Сенатот ќе почне на 8 февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.