Републиканците од Претставничкиот дом блокираа резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс и членовите на кабинетот да се повикаат на 25. амандман и да го симнат претседателот Трамп од функцијата.

Мерката, која не доби едногласна согласност, е ултиматум на спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси (Демократи/Калифорнија) пред таа да покрене барање за импичмент на претседателот, по насилните протести од минатата недела во Капитол.

Членови на двете партии изјавија дека претседателот ги поттикнал немирите.

Пелоси изјави дека ќе ја подонесе резолуцијата во Претставничкиот дом за гласање доколку не добие едногласна поддршка.

Демократите во парламентот побараа договор резолуцијата да биде ставена на дебата веднаш, но републиканците ја запреа.

Претставничкиот дом на САД објави текст за импичмент на актуелниот претседател Доналд Трамп, републиканец, поради како што наведоа – поттикнување на бунт, јави Си-Ен-Ен.

Авторите на иницијативата, која веќе е официјално доставена од  демократот Дејвид Сисилини (од Род Ајленд), се убедени дека Трамп, со своето однесување на денот на немирите во близина на Конгресот на САД, „демонстрирал дека ќе остане закана за националната безбедност, демократијата и Устав ако му биде дозволено да остане на функцијата“.

Доналд Трамп изврши сериозно злосторство намерно поттикнувајќи насилство против американските власти – се вели во документот.

Во документот се забележува дека „толпата поттикната од претседателот Трамп нелегално влегува во Капитол, прави вандалски чин, ранува и убива службеници за спроведување на законот, им се заканува на членовите на Конгресот, на потпретседателот и на службениците во Конгресот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.