Невработеноста во Германија е на најниско ниво од обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија во 1990 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување (БА). Во ноември, 2,18 милиони луѓе беа невработени во земјата, со стапка на невработеност од 4,8 проценти.

Во ноември, 24.000 луѓе беа помалку невработени во однос на претходниот месец и 6.000 помалку отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците.

Сегашниот економски пад е сè уште забележителен на пазарот на трудот- изјави шефот на Агенцијата, Детлеф Шеле, според кој, во целина економијата е робусна.

Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за работна сила останува голема. Сепак, тоа е за 71.000 работни помала побарувачка отколку во истото време минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.