Шпанија имаше уште еден тежок ден откако во последните 24 часа починале 838 луѓе од КОВИД-19. Тоа е за шест повеќе од вчера и претставува нов црн рекорд за земјата.

Коронавирусот досега однесе 6.528 животи во Шпанија.

Регистрирани се и нови 6.549 случаи на зараза, со што вкупната бројка порасна на 78.797. Министерството за здравство објави дека досега има и 14.709 излекувани, од кои речиси 2.500 се нови.

Со новата мерка која беше донесена вчера, сите работници од несуштински активности мора да останат дома.

Го достигнуваме врвот на ширењето што многу нѐ загрижува. Во некои делови од земјата тоа би можело да биде во преголем обем – изјави шефот на Центарот за координација на итни служби Фернандо Симон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.