Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е забележан нов рекорд на глобално ниво со над 230 000 новозаразени во 24 часа. Најмногу од нив, околу 66 000 биле потврдени во САД. Претходниот црн рекорд беше поставен во петокот со околу 228 000 нови случаи.

Бројот на досега заразени пациенти со ковид-19 во светот надмина 13 милиони.

Точно 13 042 340 лица досега се дијагностицирани. Од нив, 571 689 починале, а 7 588 510 оздравеле, покажуваат податоците на „Ворлдометар“.

Најголем број од заразените и починатите се во САД. Таму досега се заразени 3,4 милиони, а бројот на смртни случаи изнесува 137 782.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.