Германските царински службеници заплениле повеќе од 16 тони кокаин на пристаништето во Хамбург. Дрогата била сокриена во контејнери што допатувале од Парагвај.

Ова е досега најголемата запленета пратка на овој вид дрога во Европа.

Огромното количество кокаин можеше на црниот пазар да донесе заработка од неколку милијарди евра – се наведува во соопштението на царинската служба за дрогата што била запленета на 12 февруари.

Во соопштението се додава дека во врска со шверцот на кокаинот, во Холандија е уапсен 28-годишен маж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.