Во последните 24 часа во Шведска се регистрирани 1.980 нови позитивни случаи на корона вирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно, имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостаток на тестови во тоа време.

Во истиот период, починале девет пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927.

Стапката на смртност од Ковид-19 во Шведска е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но сепак е пониска од поголемите европски земји како што се Шпанија и Велика Британија.

За разлика од другите земји, Шведска не воведе строги мерки во борбата против коронавирусот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.