Француските власти денеска соопштија дека во земјата е регистриран и четвртиот случај на коронавирусот и дека станува збор за еден повозрасен турист од Кина.

Претставникот на француското Министерство за здравство Жером Саломон изјави дека станува збор за кинески турист на ворзаст од 80 години и дека тој се наоѓа во сериозна здравствена состојба и дека е хоспитализиран во Париз, јавија британските медиуми.

Неговата здравствена состојба е сериозна, со оглед на фактот дека бил ставен на реанимација, рече Саломон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.