Во Сирија за време на една деценија војна имало речиси половина милион жртви.

Овие податоци ги објави невладината организација, Сириска опсерваторија за човекови права (СОХР), откако ја потврдила смртта на 100.000 луѓе.

Огромното мнозинство на потврдени смртни случаи се однесува на периодот од крајот на 2012 година до крајот на 2015 година – вели директорот на Опсерваторијата, Рами Абдул Рахман.

Според Опсерваторијата, во сирискиот конфликт од 2011 година досега починале вкупно 494.438 лица.

Војната во Сирија во март влезе во 11. година, период во кој, според Обединетите нации, повеќе од 12 милиони луѓе се раселени или протерани. Војната предизвика и големи штети и ја уништи економијата на земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.