Најмалку 4.891.684 луѓе во светот починале, а 240.314.450 се заразиле со корона вирусот од почетокот на пандемијата.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД се најтешко погодената земја по бројот на смртни случаи (724.153), а имаат 44.916.462 заразени.

По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 603.152 смртни случаи и 21.638.726 заразени, Индија со 452.124 починати и 34.067.719 заразени, Мексико со 284.321 смртни случаи и 3.755.053 заразени и Русија со 223.312 починати и 7.992.687 заразени.

Латинска Америка и Карибите имаат 1.508.394 смртни случаи и 45.513.200 заразени, Европа 1.352.088 смртни случаи и 70.785.226 заразени, Азија 856.380 смртни случаи и 55.079.537 заразени, САД и Канада 752.626 смртни случаи и 46.593.818 заразени, Африка 215.307 смртни случаи и 8.430.722 заразени, Блискиот Исток 204.419 смртни случаи и 13.690.555 заразени и Океанија 2.470 смртни случаи и 221.392 заразени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.