Речиси 80 ​​проценти од Американците, вклучувајќи и над 50 отсто од републиканците, го признаваат кандидатот на демократите Џозеф Бајден за победник на претседателските избори во САД, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и ИПСОС.

Во анкетата, спроведена меѓу саботата и вторникот, 79,7 проценти од Американците со право на глас сметаат дека Бајден победил во трката за влез во Белата куќа.

Околу 13 проценти сметаат дека претседателските избори се уште се неодлучени, три проценти дека победил Трамп, додека пет проценти велат дека не знаат кој победил.

Кога станува збор за политичките партии, на секои 10 анкетирани републиканци, околу шест од нив изјавиле дека Бајден победил, додека речиси секој демократ кој учествувал во анкетата изјавил дека победник е кандидатот на демократите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.