Според податоците на здравствените власти во Кина бројот на лица кои се излекувани од новиот коронавирус достигна до 19 отсто, додека 2,7 проценти од заболените се починати, а останатиот број заразени се под лекарски надзор.

Според статистиката на централната власт во Кина, околу 15 отсто од заболените се во тешка состојба, а 3,2 проценти од заболените се во критична состојба.

Портпаролот на кинеската државна здравствена комисија, Ми Фенг истакна дека трендот на ширење на вирусот постепено се намалува.

Главниот медицински лекар на специјализираната болница за третман на коронавирусот во Вухан, Ван Синхуан истакна дека епидемијата во Кина го достигнала својот врв и бројот на заболени ќе почне да се намалува. Тој додаде дека ситуацијата ќе се подобри во блиска иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.