Високи американски разузнувачи предупредуваат дека Иран планира можни напади врз Форт Мекнер, американска воена база во Вашингтон, како и врз заменикот на началникот на Генералштабот на американската армија Џозеф М. Мартин.

Според разузнувачките извештаи, комуникацијата што ја пресретнала Националната агенција за разузнавање (НСА) во јануари покажала дека иранската Револуционерна гарда разгледува да изврши „напад во стилот на „Ју-Ес-Ес Кол“, што се однесува на самоубиствен напад во октомври 2000 година кога мал брод застана покрај разурнувачот на американската морнарица во пристаништето Аден во Јемен и експлодира. Во овој напад загинаа 17 американски морнари.

Разузнавачките служби откриле и планови на Иран да го убие генералот Џозеф М. Мартин и да се инфилтрира во воената база во Вашингтон.

Генералот Мартин живее во Форт Мекнер, една од најстарите бази во Америка.

Поради заканите американската армија одлучила да го засили обезбедувањето околу Форт Мекнер.

Комуникациите пресретнати од разузнавачките служби на САД се воделе меѓу припадници на елитната единица Кудс на иранската Револуционерна гарда, а биле разгледувани и можни воени опции за одмазда за атентатот врз поранешниот водач на Кудс, генерал Касем Солејмани во јануари 2020 година во Багдад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.