Уапсениот педофил, милијардерот Џефри Епстајн своевремено го запознал Доналд Трамп, тогашниот колега милијардер од Њујорк, со згодната словенечка манекенка Меланија Кнавс, која набрзо ќе му стане трета сопруга!

Како што пренесува Њујорк тајмс повикувајќи се на анонимни извори, Епстајн пред бројните пријатели се фалел дека токму тој му ја наместил Меланија на Трамп.

Првиот човек на „Американ дрим ентерпрајз“, Џорџ Хурани кој бил многу близок со Епстајн во 1992. година организирал раскалашена забава во одмаралиштето на Трамп на Флорида. На таа забава покрај 28 секси манекенки во бикини, единствени гости биле токму Епстајн и Трамп.

Хурани истакнува дека го предупредил Трамп за Епстајн и дека морало да му забрани доаѓање на настаните кои тој ги организирал. Интересно е што Хурани со години бил во врска со Џил Харт, која го обвини Трамп дека сексуално ја вознемирувал, што овој го демантираше.

Откако Епстајн беше уапсен во понеделникот под обвинение за трговија со малолетници за сексуални услуги, од Белата куќа тврдат дека Трамп му забранил на милијардерот да го посетува одморалиштето на Флорида. Трамп тврди дека не знаел што прави Епстајн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.