Разорни пожари се шират низ Калифорнија, поради што од вчера се вршат принудни евакуации од населбите околу Салтон Си, на јужниот дел на оваа американска сојузна држава.

Пожарот избувна во саботата во Ниланд, мало и сиромашно земјоделско место на околу 160 километри оддалечено од Сан Диего.

Штетите сѐ уште се проценуваат, но досега се уништени околу 20 куќи, а евакуирани се 130 лица – изјави Линда Дејл, портпарол на округот Империјал.

Црвениот крст на САД за Јужна Калифорнија соопшти дека работи напорно за да обезбеди сместување за сите евакуирани.

Оваа сиромашна заедница во округот Империјал исто така е сериозно погодена од епидемијата на коронавирус, а околу 500 пациенти се пренесени во здравствени установи во соседните градови и окрузи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.