Во иднина се повеќе луѓе во САД ќе работат од дома, а ако на сите Американци им се овозможи висококвалитетен пристап до интернет, тоа може да доведе до одржлив раст на продуктивноста на работниците и зголемување на економското производство од околу 160 милијарди долари годишно.

Ваков е главниот заклучок од студијата објавена од вашингтонската група „Аспен“ за економска стратегија.

Пред пандемијата, работата од дома имала удел од околу пет проценти во вкупниот фонд за работните денови. Тој процент драстично се зголемил за време на пандемијата, бидејќи Американците остануваа во своите домови за да избегнат инфекција.

Според Стивен Дејвис, економист на Универзитетот во Чикаго, неговите пресметки направени врз основа на анкети на работници и работодавачи за работа од дома, квалитетен пристап до интернет ќе ја зголеми продуктивноста на трудот со заработката за околу 1,1 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.