Довербата што Французите им ја даваат на Емануел Макрон и на неговиот премиер Едуард Филип се зголеми за 2 и 4 поени во споредба со минатиот месец, ова според анкетата на „Елабе“ објавена денеска, јави дописникот на МИА.

Вкупно, 30 отсто од анкетираните му даваат доверба на шефот на државата да се соочи со проблемите на земјата, сепак 65 отсто од испитаните не му веруваат, меѓу кои дури 38 отсто „воопшто не му веруваат“ (+ 2 поени), покажува студијата изработена од Елабе за весникот „Екхос“ и радиото „Радио Класик“Les Echos и Radio Classique.

Едуард Филип, кој како Емануел Макрон изгуби 5 поени претходниот месец, успева да поврати 4, со 30 отсто од поволно мислење, додека 62 отсто (-1) од Французите не му веруваат на Премиерот.

Довербата во шефот на државата се намалува кај неговите гласачи од 2017 година (67 отсто, -4поени), но се зголемува кај оние на Франсоа Фијон (43отсто, +4), потоа кај оние на Марин Ле Пен ( 16 отсто, +4) и кај воздржаните (21 oтсто, +8).

Со 52 отсто од позитивните мислења (+2), Николас Хулот, поранешниотминистер за екологија во владата на Макрон, сè уште ево доминатна позиција во рангирањето на политичките личности за кои те имаат позитивно мислење, тој е пред Никола Саркози (33 отсто, +1), Жан-Ив Ле Дријан (30 отсто, стабилен) и Франсоа Бароин (29 отсто, +3), на исто ниво со Ксавиер Бертранд (29 отсто, +1).

Тестиран за прв пат, Високиот комесар за пензии Жан-Пол Делевој забележа само 12 отсто на позитивни мислења, 39 отсто негативни мислења додека 49 отсто од испитаните не се изјаснуваат.

Стдуијата е направена на интернет на 12 и 13 декември за време на протестите против реформата на пензискиот систем, кои се и понатаму во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.