Половина од новите барања за азил поднесени во Белгија во последниот месец доаѓаат од бегалци од Авганистан. Ваквиот тренд се забележува откако талибанците ја презедоа контролата во оваа земја.

Во текот на август поднесени се над 2.800 барања за азил од страна на Авганистанци, а претходниот месец имало 470 барања помалку од оваа земја – информираат од кабинетот на државниот секретар за азил на Белгија, Сами Мади.

Бегалците од Авганистан бараат меѓународна заштита во Белгија, како и во други европски земји, но државниот секретар изјави дека нема автоматски да бидат одобрени нивните барања и дека секоја апликација ќе се разгледува одделно за да се утврди дали се исполнети критериумите за азил.

Активистите за права на мигрантите бараат безусловно прифаќање на барателите на азил од Авганистан, особено на жените и децата кои се меѓу најпогодените од талибанското владеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.