Премиерот на Русија, Димитриј Медведев, ја распушти Владата во Русија по обраќањето на претседателот на оваа земја, Владимир Путин.

Медведев ова го соопштил по состанокот со рускиот претседател, кој му се заблагодарил на неговата работа.

Во рамките со членот 117 од Уставот на Русија, актуелната влада поднесува оставка – рекол Медведев.

Медведев објаснил дека оваа одлука е поврзана со измените на Уставот.

Ние како влада на Руската Федерација мораме да му пружиме на претседателот на нашата земја шанса за да ги донесе сите потребни одлуки за тоа – додал Медведев.

Инаку рускиот претседател Владимир Путин денеска предложи измена на рускиот устав која би донела поголеми овластувања на парламентот и владата, потег кој би можел ја нагласи неговата намера да премине на ново место, а да остане на чело на власта и по истекот на неговиот актуелен мандат, пренесува АП.

Во годишното обраќање за состојбата на нацијата во Федералниот парламент пред највисоките функционери и пратеници, Путин предложи измена на уставот, со цел на пратениците да им се овозможи да го именуваат премиерот и членовите на Владата.

Тоа право моментално му припаѓа на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.