Со цел сузбивање на пандемијата на коронавирусот, Австрија го прошири списокот на земји за кои важи забраната за слетување на австирските аеродроми на сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

Со новата уредба на Министерството за здравство листата била проширена од 8 на 18 држави.

Од четвртокот на австриските аеродроми нема повеќе да може да следуваат авиони од сите земји од Западен Балкан, Бугарија, Романија, Модлавија и Египет.

Претходно забраната веќе важела за летови од Белорусија, Кина, Велика Британија, Иран, Португалија, Русија, Шведска и Украина.

До крајот на јули ќе бидат укинати летови од кон Скопје, Белград, Букурешт, Каиро, Подгорица, Сараево, Скопје, Тирана и Варна.

Според уредбата постојат исклучоци, но во тоа влегуваат само “летови во интерес на Австрија”, како и слетување на товарни авиони, авиони кои префрлаат болни, или враќаат австриски државјани, односно пренесуваат медицински персонал или работници за помош во земјоделството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.