Ирачката воена база „Таџи“, која се наоѓа северно од Багдад, беше мета на ракетен напад, јави телевизијата „Хадас“, а пренесува „Спутинк“. Во ирачката база се наоѓаат и американски војници.

Извор на ирачките сили за безбедност рече дека најмалку пет ракети „Катјуша“ од советско производство ја погодиле воената база.

Според локалната полиција, како што пренесува „АФП“, најмалку една ракета паднала во близина на кампот „Таџи“.

Засега нема извештаи за жртви.

Во друг извештај на „Алсумариа њуз“, повикувајќи се на извор, вели дека пет ракети паднале во близина на базата.

Локалните медиуми наведуваат дека најмалку три лица се повредени. Контрадикторни извештаи наведуваат дека бројот на жртви би можел да биде и поголем, пренесува „Спутинк“.

Ирачката војска во изјава потврди дека цел на нападот била воена база во која има распореден американски пресонал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.