Бруто месечната заработка на работниците со полно работно време или скратено работно време во Германија во просек е 2,2 проценти пониска во вториот квартал во однос на истиот период лани.

Податоците на Сојузното биро за статистика покажуваат дека падот на приходите главно е последица на намаленото работно време за време на рестрикциите воедени поради пандемијата на корона вирусот. Најтешко погодени сектори се хотелиерството и угостителството, како и  патничкиот и автомобилски сектор.

Широката примена на работата со скратено работно време заради пандемијата на коронавирус, негативно се одрази на нивото на бруто-месечен приход и на бројот на работното време – се наведува во соопштението на бирото за статистија.

Сепак, во извештајот се додава дека програмата за скратено работно време, според која работниците работеле пократко, но ги задржале своите работни места, во голема мерка ја ублажиле загубата на приходот на вработените.

Според последните податоци на Институтот Ифо, дури 5,6 милиони работници во Германија работат со скратено работно време.

Патем, дури 54 проценти од работните односи што се склучуваат во Германија преку регулативи за регионот на Западен Балкан, се поврзани со квалификувана работна сила, според студијата на Институтот за пазарот на трудот и истражувањата за вработување (ИАБ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.