Рускиот претседател Владимир Путин потпиша уставен амандман со кој во земјата се забрануваат истополови бракови.

Истополовите бракови веќе се нелегални во Русија, па новата формулација во Уставот тоа дополнително се утврдува и ги отежнува шансите за истополови бракови некогаш да добијат шанса за рамноправност со хетеросекусалните двојки.

Исто така, ова значи дека на ЛГБТ заедницата ѝ е забрането посвојување деца.

Ваквата одлука не е изненадување во Русија, каде геј и квир заедницата се соочува со дискриминација и насилство, а позната е и забраната за „геј пропаганда“, со која се забранува дистрибуција на сè што се смета дека е про-ЛГБТ, и постои од 2003 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.