Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се самоизолира поради случаи на инфекција со коронавирус во неговата околина, објавија светските агенции.

Путин ќе биде во самоизолација извесно време, се наведува во соопштението на Кремљ.

Поради тоа, шефот на државата ќе учествува онлајн на седниците на Советот за колективна безбедност на Организацијата за договор за колективна безбедност закажани за оваа недела во Душанбе и на самитот на Шангајската организација за соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.