Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека се уште не донел одлука дали да се кандидира за нов мандат на чело на Руската Федерација на изборите во 2024 година.

Да, Уставот на Русија ми дозволува да се кандидирам за следниот мандат, но се уште не сум одлучил ништо за мојата кандидатура – изјави Путин одговарајќи на новинарско прашање на „Си-Ен-Би-Си“, на крајот од пленарната сесија на форумот на Руската недела на енергетиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.