Рускиот претседател, Владимир Путин, смени тројца министри од неговата влада.

Сменети се министерот за сообраќај Евгениј Диетрич, министерот за животна средина и природни богатства, Дмитриј Кобилкин и министерот за градежништво, Владимир Јакушев.

Премиерот Михаил Мишустин пму препорача на Путин унапредување на министерот за енергетика, Александар Новак на позицијата заменик премиер. На негово место, Мушустин треба да биде поставен Николај Шулгинов, директорот на „РусХидро“.

Рускиот премиер го предложи директорот на „Аерофлот“, Виталиј Савелиев, за нов министер за транспорт, додека, пак, сегашниот министер за развој на Далечниот исток и Арктикот, Александар Козлов, е предложен за министер за животна средина.

Ирек Фајзулин, сегашен заменик министер, е номиниран за нов министер за градежништво.

Новите министри треба да ги потврди Думата – Долниот дом на парламентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.