Рускиот претседател Владимир Путин самиот ќе соопшти дали и кога сака да прими вакцина за коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Самиот ќе информира дали и кога сака да се вакцинира, рече Песков.

Руските медиуми потсетуваат дека во август во Русија беше регистрирана првата вакцина против коронавирусот, што беше тестирана врз доброволци беше во јуни и јули. Првата серија на вакцината за комерцијална употреба беше пуштена минатата недела.

Вакцината го доби името „Спутник  V“.

Рускиот претседател претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.