Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19, „Спутник 5“, достигнува 97 проценти.

Рускиот претседател истакна и дека тој самиот ќе ја прими вакцината.

Русија е првата земја во светот што пронајде и почна со производство на вакцина. Ние имаме добра вакцина, безбедна и ефикасна, 95 па и и повеќе отсто, а експертите велат дека нивото на нејзина заштита достигнува 96-97 проценти – изјави Путин за време на годишното обраќање.

Рускиот претседател изјави дека е убеден оти масовната вакцинација е неопходна затоа тоае единственото нешто што создава имунитет на стадо.

Путин соопшти дека не е вакциниран, бидејќи вакцината сè уште не е одобрена за граѓани на негова возраст, но тој дефинитивно ќе го стори штом тоа стане можно.

Тој оцени дека рускиот здравствен систем се покажал како поефикасен во борбата против вирусот отколку во другите земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.