Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ е сигурна исто колку и пушката „калашников“, изјави рускиот претседател Владимир Путин откако здравствените власти во Русија ја одобрија вакцината „Спутник лајт“.

Новата верзија на руската вакцина, од која е потребна само една доза, беше регистрирана вчера, откако тестирањата покажале дека обезбедува заштита од 79,4%.

„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус, а руските власти ја одобрија уште во август минатата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.