Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот колега Володимир Зеленски во Москва, но само за билатералните односи, а не и за судирите во источниот дел на Украина.

Ако станува збор за билатералните односи, тогаш секако сме подготвени во кој било момент да му посакаме добредојде на украинскиот претседател во Москва. Доколку Зеленски сака да разговара за судирите во источниот дел на Украина треба пред се да им се обрати на бунтовниците, а не на мене – порача Путин.

Претходно Зеленски му предложи на Путин состанок во зоната на судири меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници.

Тензиите меѓу Русија и Украина се зголемени во изминатите недели поради зајакнатото присуство на руски војници на границата со Украина и на полуостровот Крим.

Руската армија соопшти дека од денеска почнува со повлекување на своите сили на границата со Украина. Киев го поздрави таквиот потег на Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.