Повлекувањето на САД од Договорот за елиминирање на ракетите со среден и краток дострел е сериозна грешка, вели рускиот претседател Владимир Путин. Тој додава дека тоа го зголемува ризикот од трка во вооружување.

Русија сè уште е убедена дека Договорот за ИНФ е важен елемент на архитектурата насочен кон обезбедување на глобална безбедност и стратешка стабилност, се вели во соопштението за дополнителни чекори насочени кон деескалација на тензиите во Европа по раскинувањето на Договорот за ИНФ издаден од прес-службата на Кремљ, пренесе ТАСС.

Договорот играше посебна улога во одржувањето на предвидливоста и воздржаноста на ракетното поле во Европа, се додава во соопштението.

Ние веруваме дека повлекувањето на САД од Договорот за ИНФ, што доведе до раскинување на договорот, е сериозна грешка што го зголемува ризикот од трка со вооружување, конфликт и неконтролирана ескалација, посочи претседателот на Русија.

Со оглед на постојаните тензии меѓу Русија и НАТО, новите закани по европската безбедност се јасни, додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.