Сите земји потписнички на нуклеарниот договор со Иран треба да се придржуваат кон него, изјави рускиот претседател Владимир Путин на економскиот форум во таџикистанскиот главен град Душанбе.

Сите се загрижени поради ситуацијата во врска со нуклеарниот договор со Иран. Веруваме дека единствен начин е потписниците да продолжат да се придржуваат кон своите обврски – истакна Путин.

Тој порача дека повлекувањето на САД од договорот значи дека сега е многу потешко тој да се спроведува.

Покрај Русија и САД, потписнички на договорот се и Кина, Франција, Велика Британија и Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.