Во говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации, претседателот на Русија, Владимир Путин, понуди бесплатна вакцинација за персоналот на ОН со вакцината „Спутник 5“.

Секој од нас би можел да се соочи со тој опасен вирус. Вирусот не го поштеди персоналот на ОН, неговото седиште и регионалните служби. Русија е подготвена да му пружи неопходна и експертска помош на персоналот на ОН, а наш посебен предлог е со нашата вакцина бесплатно да ги снабдиме вработените во организацијата кои доброволно ќе се пријават за вакцинација – порача Путин во снимениот говор од Москва.

Путин додаде дека неговата ќерка е меѓу првите добороволци коишто ја примиле вакцината.

Некои колеги од ОН прашаа за ова и ние нема да ги игнорираме – изјави Путин.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик му се заблагодари на Путин за понудата и најави дека нивните здравствени служби сериозно ќе ја разгледаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.