Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на состанок со лидерите на Државната дума, порача дека Русија е подготвена за заеднички напори и соработка со сите народи во Европа.

Путин, сепак, потенцира дека неговата земја нема да ги заборави мрачните страни на историјата, вклучително и оние поврзани со геноцидот врз советскиот народ за време на Втората светска војна.

Ние, секако, мора да одиме напред, да размислуваме за иднината, да си помагаме едни на други, вклучувајќи ги сите европски нации и покрај компликациите и политичките крстосници на денешницата, а минатото не треба да нè влече назад. Но, една од работите што не можеме да ја заборавиме е геноцидот врз советските цивили за време на Втората светска војна. Денес, обрнуваме внимание на злосторства извршени врз цивили за време на војна. Тоа беше геноцид и тоа е многу очигледно и мислам дека правиме добри работи со истрага на овие факти – истакна Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.