Американскиот претседател Бајден го нарече рускиот претседател “убиец“ на што во Москва бурно реагираа и, за почеток, веднаш го повлекоа рускиот амбасадор од Вашингтон во Москва.

Портпаролката на руската влада побара извинување од Бајден но, неговата портпролка објави дека претседателот Бајден “не се кае за тоа што го рекол“. Ситуацијата станува напната.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му предложи на својот американски колега Џо Бајден во наредните денови да одржат виртуелен разговор, кој ќе се пренесува во живо, како одговор на изјавата на Бајден дека тој е убиец.

– Сакам да му предложам на претседателот Бајден да продолжиме со нашите разговори, но под услов да го сториме тоа во живо, онлајн, како што велат тие – изјави Путин за руската телевизија, додавајќи дека „би било интересно за рускиот народ, американскиот и за многу други земји“.

Тој рече дека разговорот треба да се одржи „без одлагање“ веќе утре или во понеделник.

Путин рече дека ќе даде налог на Министерството за надворешни работи да ја предложи таа виртуелна средба.

Белата куќа засега не знае дали претседателот Џо Бајден може во најскоро време да разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Путин денеска го повика Бајден на виртуелен дуел што би можел да се оддржи на 19 или на 22 март. 

 Тој утре е зафатен, изјави денеска Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа. 

 – Претседателот веќе имаше разговор со претседателот Путин, немам што друго да ви соопштам, ако зборуваме за идни разговори, претседателот утре е во Џорџија и ќе биде многу зафатен, изјави Псаки на денешниот прес-брифинг. 

Завчера, на прашање од новинар за време на интервју за телевизијата Еј-Би-Си дали тој смета дека Путин е убиец, Бајден одговори потврдно и се закани дека „тој ќе плати висока цена“ за поткопувањето на изборниот процес во САД. 

Путин излезе со повеќе конкретни изјави во врска со директната квалификација од страна на Бајден, не покажувајќи слабост да возврати и денеска го повика неговиот американски колега на виртуелен дуел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.