Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е забавено ширењето на коронавирусот во земјата, но дека пандемијата сè уште не го достигнала својот врв.

Путин рече дека мерките за ограничување на движењето, кои беа воведени поради пандемијата, ќе бидат укинати само доколку со тоа се согласат медицинските експерти.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рече дека строгите мерки и зголеменото тестирање за присуство на вирусот го спречиле брзото зголемување на бројот на тешко заболени и го намалиле притисокот врз здравствениот систем.

Од повеќе од 47.000 заразени во Русија, скоро две третини се регистрирани во Москва. Вирусот однесе 405 животи во Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.