Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе продолжи со тестирање на ракетниот систем „Орешник“.

Тој посочи дека е донесена одлука за сериско производство на „Орешник“ и дека тие системи ќе ги користат ракетните сили.

Во моментов нема контрамерки на системот Орешник. Тестирањето на овој систем ќе продолжи, рече Путин на состанокот со раководството на Министерството за одбрана. „Ќе продолжиме со овие тестови, вклучително и во борбени услови, во зависност од ситуацијата и карактерот на безбедносните закани испратени кон Русија“.

Рускиот лидер истакна дека ракетниот систем Орешник, кога масовно се користи „против непријателски цели“, има важност на стратешко оружје и е создаден во согласност со најновите технички достигнувања.

Орешник не е средство за масовно уништување, туку високо прецизно оружје… Безбедноста на Русија е осигурана“, нагласи тој.

Путин на состанокот во Кремљ каде им честитал на раководството на Министерството за одбрана и на конструкторите за успешното тестирање на ракетата „Орешник“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.