Рускиот претседател Владимир Путин, на традиционалната годишна прес-конференција изјави дека, според сите релевантни показатели, во периодот од 2035 до 2050 година, Кина неизбежно ќе стане водечка економска сила во светот.

Американците треба да сфатат дека не можат да го запрат развојот на Кина – истакна Путин.

Оваа година поради пандемијата на корона вирусот, на обраќањето на Путин присуствуваа само 500 новинари.

Рускиот претседател ја нарече одлуката на САД за бојкот на Олимпијадата во Пекинг „дипломатски погрешна и неприфатлива“.

Спортот треба да ги обединува луѓето, а не да создава проблеми меѓу народите и државите – нагласи Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.