Во нуклеарна војна не може да има победник и таква војна никогаш не треба да се започне, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Како земја потписничка на Договорот за неширење нуклеарно оружје и еден од неговите гаранти, Русија постојано се придржува до словото и духот на Договорот – рече Путин во писмото упатено до учесниците на договорната конференција во Њу Јорк, соопшти Кремљ.

Ние, се додава во писмото, тргнуваме од фактот дека не може да има победник во нуклеарна војна и дека никогаш не треба да се започне и се залагаме за еднаква и неделива безбедност за сите членови на светската заедница.

И Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска предупреди дека „човештвото е само едно недоразбирање и една погрешна проценка од нуклеарното уништување“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.