Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека обидите за искривување на историските вистини не престанале и кон нив се приклучиле не само наследниците на нацистичките соучесници, туку и некои реномирани меѓународни институции и европски структури.

Како пример, Путин ја наведе недамнешната резолуција на Европскиот парламент, која, како што рече, ги става нацистичките агресори и Советскиот сојуз на исто ниво, пренесува ТАСС.

Оние кои се обидуваат да се спротивстават на ваквата неоснована лага се обвинети за информативна војна против демократска Европа. Тоа е цитат – рече Путин на состанокот по повод одбележувањето на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.

Пред два и пол месеци, Европскиот парламент усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање меѓу нацистичка Германија и СССР „го отворил патот за избувнување на Втората светска војна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.