Портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, досега ја нема примено вакцината против корона вирусот, затоа што тој не може да биде меѓу доброволците кои ќе се вакцинираат до крајот на клиничките испитувања.

Шефот на државата, секако, не може да учествува во вакцинацијата како доброволец – објасни Песков на прашањето зошто рускиот лидер досега не добил руска вакцина против Ковид-19.

Песков појасни дека во Русија се уште не почнала масовна вакцинација на населението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.