Рускиот претседател, Владимир Путин, на владината онлајн седница порача дека властите мора да направат отворен и искрен дијалог со луѓето во врска со корона вирусот, со цел да се спречат шпекулациите.

Денес, како и секогаш, потребен е отворен и искрен дијалог со народот за да ги отфрлиме сите шпекулации. Суштината на одлуките кои се носат мора да биде објаснета професионално, компетентно и детално, на дневно ниво. Сите информации треба да се користат за да им се објасни на луѓето што да прават за да се заштитат себе си и своите најблиски и каде можат да добијат прва помош – истакна Путин.

Претседателот на Русија додаде дека е најважно пациентите кои минуваат низ амбулантно лекување да го знаат тоа.

Тие не смеат да бидат оставени сами во борбата против корона вирусот – порача рускиот претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.