Во однос на прашањето за вакцинација против коронавирусот, Русија се обидува да го следи патот на убедување, а не на принуда, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Најважна задача е да се вакцинира населението. Се обидуваме да се бориме со предрасудите поврзани со неприфаќањето на вакцинацијата, рече Путин во разговор со директорот на хуманитарната организација Црвен крст и Црвена полумесечина, Франческо Роко.

Тој посочи дека, очигледно, ваквата политика особено во последно време ги дава потребните резултати.

Рускиот лидер изрази надеж дека Црвениот крст и Црвената полумесечина ќе помогнат во промовирањето на руската вакцина Спутник V. Тој потсети дека споменатиот руски препарат досега го добиле 200 милиони луѓе.

Меѓутоа, луѓето кои ја примиле руската вакцина Спутник V треба да можат, како и луѓето кои примиле други вакцини, слободно да патуваат и да се чувствуваат како полноправни граѓани во глобална смисла, а не да ги имаат своите права, во која било смисла, рече Путин.

Русија, посочи рускиот лидер, дава помош за други земји, испорачувајќи ja „Спутник V, меѓу другото, бесплатно. Русија ќе го прошири овој начин на помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.